По завршување на Економскиот факултет своето образование го продолжува на постдипломските студии при Економскиот факултет во Скопје.
Својата професионална кариера ја започнува во Краснаја дооел како финансиски менаџер, одговорна за работата од областа на финансиите на компанијата. Понатамошната кариера ја продолжува во Коро Компани како сметководител, одговорна за севкупното материјално и финансиско сметководство на компанијата. Своето професионално усовршување го продолжува во Дамат Консалтинг како сметководител одговорен за неколку клиенти. Моментално е дел од тимот на Нет Профит како овластен сметководител каде секојдневно го докажува и применува своето професионално искуство и образование. Задолжена е за неколку клиенти и нивното материјално и финансиско сметководство, притоа изготвувајќи и посебни извештаи за потребите на клиентите и институциите.