По завршување на Економскиот факултет своето образование го продолжува на постдипломските студии при Економскиот факултет во Скопје.
Својата професионална кариера ја започнува во Краснаја дооел како финансиски менаџер, одговорна за работата од областа на финансиите на компанијата. Понатамошната кариера ја продолжува во Коро Компани како сметководител, одговорна за севкупното материјално и финансиско сметководство на компанијата. Своето професионално усовршување го продолжува во Дамат Консалтинг како сметководител одговорен за неколку клиенти. Моментално е дел од тимот на Нет Профит како овластен сметководител каде секојдневно го докажува и применува своето професионално искуство и образование. Задолжена е за неколку клиенти и нивното материјално и финансиско сметководство, притоа изготвувајќи и посебни извештаи за потребите на клиентите и институциите.

team-member-profile-pic

Марија Мацкиновска

Даночен и сметководствен консултант Клучни квалификации – Сметководствен и Финансов Менаџмент Бизнис Планирање и Анализа Финансиска Анализа и Репортинг Контролинг и поддршка при донесување менаџмент одлуки Нејзината професионална кариера започна како професионален сметководител и во текот на долгогодишното работно искуство достигна позиција на Финансов Менаџер во интернационалната ИТ Компанија АССЕКО СЕЕ, одговорна за воспоставување на финансиска контрола врз три територии во регионот-Македонија, Бугарија и Албанија. Освен тоа , како член на Управниот Одбор на АССЕКО СЕЕ, со повеќе од 18 години прогресивно искуство во областа на финансиите, сметководството, бизнис планирањето и финансиските анализи во рамките на ИТ и трговско ориентираните компании, одигра клучна улога во севкупниот менаџмент на компанијата и во остварувањето на нејзините бизнис планови. Денес, успешно го менаџира Друштвото Нет Профит и го комбинира искуството и праксата со знаењето и едукацијата, притоа продолжувајќи го процесот на професионална едукација на ревизорско ниво.
team-member-profile-pic

Билјана Митревска

Нејзините клучни вредности се: професионален сметководител, HR консултант, брокерски професионалец. Таа е сметководител, со неколкугодишно искуство. По завршувањето на Економскиот факултет, таа ја почна својата професионална кариера како агент во приватниот Пензиски Фонд на КБ Прво пензиско Друштво. По 6 години таа започна да работи во Стопанска банка АД Скопје, по добивањето на лиценцата за посредување со работа со хартии од вредност во Одделот за хартии од вредност и брокерски операции. Денес таа континуирано го докажува нејзиното професионално искуство и образование, како сметководител во Нет профит ДООЕЛ. Таа е задолжена за следење на интегритетот на податоците во главната книга на секој клиент, помагајќи им на клиентите при книговодственото прикажување на трансакциите и поддржувајќи ги оперативните потреби. Исто така одговорна е за изработка на платите и прашањата поврзани со вработувањето и кадровата евиденција.
team-member-profile-pic

М-р Даниела Николовска

По завршување на Економскиот факултет своето образование го продолжува на постдипломските студии при Економскиот факултет во Скопје. Својата професионална кариера ја започнува во Краснаја дооел како финансиски менаџер, одговорна за работата од областа на финансиите на компанијата. Понатамошната кариера ја продолжува во Коро Компани како сметководител, одговорна за севкупното материјално и финансиско сметководство на компанијата. Своето професионално усовршување го продолжува во Дамат Консалтинг како сметководител одговорен за неколку клиенти. Моментално е дел од тимот на Нет Профит како овластен сметководител каде секојдневно го докажува и применува своето професионално искуство и образование. Задолжена е за неколку клиенти и нивното материјално и финансиско сметководство, притоа изготвувајќи и посебни извештаи за потребите на клиентите и институциите.
Linkedin: