newsitem-profile-pic
  • Објавено на: 07 јули 2016

Changes in ...

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ„ бр.215/15), извршени се значајни измени со кои се внесени некои нови решенија и со кои се појаснуваат некои одредби. Направивме избор на најзначајните измени:

РОКОВИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА РАТИ Дополнувањето на ЗФД со нов член 6-а, со кој се дефинира течење на роковите кога обврските треба да се исполнуваат на рати. Имено, кога е утврдено паричната обврска да се исполнува на рати, како рокови за исполнување на паричните обврски се утврдува дека:
  •  кога како доверител и должник се јавуваат економските оператори од приватниот сектор, за СЕКОЈА ОДДЕЛНА РАТА СЕ ПРИМЕНУВААТ роковите од член 5 од ЗФД утврдени за деловните трансакции меѓу економски оператори од приватниот сектор (не подолг од 60 дена, по исклучок може да се предвиди рок подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои изречна писмена согласност од двете страни), односно  во деловната трансакција меѓу субјектот од јавниот сектор како должник, и економски оператор од приватниот сектор како доверител за секоја одделна рата се применуваат роковите утврдени во член 6 од ЗФД (не подолг од 60 дена, односно 90 дена за Фондот и корисниците на Фондот на здравствено осигурување, со исклучок доколку се работи за договор чиј предмет е повеќегодишна јавна набавка). Значи, кога е договорено дека обврските ќе се извршуваат на рати, рокот за исплата на секоја рата започнува да тече првиот нареден ден кога е исполнет некој од погоре наведените услови (прием на фактура односно друго барање за плаќање и.т.н.).
Потсетување на роковите за исполнување на паричните обврски согласно член 5 став 2 од ЗФД, рокот започнува да тече првиот нареден ден од денот:
  1.  кога должникот ја примил фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот кој ја исполнил својата договорна обврска;
  2.  кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно извршил испорака на договорената стока, услуга или работа, а притоа не може да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање;
  3.  кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно извршил испорака на договорената стока, услуга или работа, а должникот ја примил фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни својата договорна обврска или
  4.  на истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите, односно прием на извршените работи, ако со закон или договор е предвидена постапка за преглед, потврдување или прием со која се утврдува сообразноста на стоките, услугите и работите, а должникот ја прими фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на потврдувањето, при што рокот за преглед на предметот не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на стоката или извршената услуга, односно работа, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите на стоките, услугите и работите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок.