• darkblurbg
    НЕТ ПРОФИТ
    Сметководство - Консалтинг - Бизнис планирање и буџетирање
  • darkblurbg
    Доверба и стручност
    Наши клучни вредности
  • darkblurbg
    Прогресивни промени за бизниси во прогресија

Довербата и стручноста се нашите клучни вредности

Друштвото за консалтинг, сметководствени и финансиски услуги НЕТ ПРОФИТ ДООЕЛ нуди специјализирани услуги од областа на сметководството, даночната регулатива, контролингот и репортингот, како и консултантски услуги од областа на финансиите. Наши клиенти се стопански организации од секаков обем,  друштва и непрофитни организации со различни дејности. Нашето портофолио го сочинуваат производни, дистрибутерски, консултантски, шпедитерски, компјутерски друштва за кои вршиме комплетни сметководствени, административни и извештајни услуги. Освен тоа, вршиме сметководствени услуги на непрофитна организација од областа на образованието која има статус на јавен интерес. На сите нив им е потребен партнер од  доверба кој ги следи и насочува нивните деловни активности со цел да се усогласени со сите законски норми и прописи.

Со повеќе од 18 години прогресивно искуство во областа на финансиите, сметководството, деловното планирање и раководење во стопанските организации, вршиме услуги за изработка на финансиски извештаи, даночни биланси, статистички извештаи, извештаи за Народна Банка , стекнавме и  искуство во регистрирање и водење на проекти финансирани од страна на странски донатори, почитувајќи ги правилниците и веќе утврдените постапки за ослободување од даноци и увозни давачки согласно законските прописи.

Стручната оспособеност на тимот кадри постојано се надоградува со нови знаења и вештини кои допринесуваат за поуспешно стопанисување, пораст и развој на нашите партнери.