Финансов reporting


Инвеститорите и акционерите сакаат да бидат сигурни за неколку клучни теми: дека нивните пари се во сигурни раце, дека средствата што сте доверени на вработените и на управителите се распоредени ефективно и се доволно контролирани за да ги заштити од прекумерен ризик. Финансовиот репортинг  е начин на известување на акционерите за тоа како се одвива бизнисот, кој бара од раководството да "се каже како што е", наместо да се крие зад барањата за минимум законските потреби за известување. Тоа всушност вклучува известување на менаџментот и на акционерите . Квалитетот на информациите е од клучно значење за управување и за донесување на бизнис одлуки.
Компаниите веќе почнуваат да се соочуваат со некои основни прашања, како што се:


• Дали имаме вистински информации во вистинско време потребни за водење на бизнисот?
• Како можеме да знаеме дали може да се направат помалку трошоци со цел да се постигнат подобри ефекти?
• Дали се троши премногу време за производство на броеви, а не стекнување на вистински увид?
• Како може да се усогласат наградувaњето во однос на перформансите со цел превземање на прави активности?

Ние можеме да помогнеме за повеќето од овие прашања со помош на:

• Подготовка на годишни финансиски извештаи, земајќи ги во предвид опциите за известување и даночните олеснувања
• Анализа на финансиските извештаи
• Определување на приходите и расходите и подготовка на извештаи за истите
• Подготовка на даночни пријави
• Сметководство вклучувајќи го и сметководството на трошоци, буџетирањето и изработка на разни варијанти на извештаи со редовни индивидуални анализи
• Комплексно финансиско сметководство вклучувајќи поединечни извештаи
• Подготовка и креирање на годишните финансиски извештаи и извештаи согласно со МСФИ
• Управување со паричните текови