Бизнис планирање и буџетирање


Многу мали бизниси се обидуваат да работат без формален буџет. Дури и некои бизниси кои имаат буџет ретко се консултираат, што значи дека не ги користат бизнис предностите кои тие може да ги добијат преку буџетирањето. За претприемачите почетници, буџетот е како патоказ кој може да им помогне да се постават цели и да се процени вредноста на нивниот бизнис концепт. За веќе основаните мали бизниси, буџетот може да се користи за да се почувствува пулсот на бизнисот, одредувањето на тоа како бизнисот се одвива во текот на годините, и да им помогне да ги идентификуваат можните идни инвестиции. Со редовно следење и консултирање во врска со буџетот, претприемачите можат да ги споредат реалните бројки и навремено да ги детектираат потенцијалните деловни недостатоци или други проблеми. Буџетите, исто така може да бидат силен инструмент во победата над инвеститорите, убедувајќи ги и банките дека Вашиот бизнис е лишен од кредитен ризик, или за доведување на нови партнери или клиенти.

Градењето, а и одржувањето на строга контрола во деловното работење, е повеќе од важно и претставува голем предизвик. Ние нудиме решенија во создавање и поддршка на целокупниот процес на буџетирање, почнувајќи од совети за реорганизација вклучувајќи ја и сметководствената евиденција, се до воспоставување на целосна финансиска контрола и споредба на податоците.
Различни видови на буџети може да се подготват за следење на различни финансиски аспекти на бизнисот:

Оперативен буџет – Еден од најчестите типови на буџетот кој се користи. Во рамките на оперативниот буџет се обидува да се предвиди прилично прецизно колкави ќе бидат годишните приходи и расходи. Овој буџет може да се ажурира со реалните бројки на месечна основа, а потоа може да се ревидираат бројките за тековната година, ако е потребно.

Буџет на паричните текови – Овој буџет обезбедува детали за износот на пари кои ќе се соберат и исплатат. Ова обично е предвидување на месечна основа, но некои бизниси го прават овој вид на буџет неделно. Во овој буџет мора да се следи продажбата и други побарувања од изворите на приходи и како контрастав мора да се следат оние  добавувачи  на кои треба да се платат пооделни трошоци. Позитивниот готовински тек е од суштинско значење за да се зголеми Вашиот бизнис.

Инвестиционен буџет - Буџетот за капитални инвестиции помага да дознаете колку парични средства ќе треба да се  издвојат за набавка на нова опрема или постапки за лансирање на нови производи или да се зголеми производството или услуги. Овој буџет ја проценува вредноста на капиталните набавки кои се потребни за Вашиот бизнис да расте и да доведе до зголемување на приходите.