Сметководствени услуги


1.1. Главна книга

Дневно книжење на деловните трансакции во главната книга

Дневно евидентирање на влезна и излезна документација и нивна релевантна контрола

Евидентирање и ажурирање на евиденцијата на материјалните и нематеријалните средства, книжења во областа на трошоците за плати, материјали и стоки, евиденција на  депонираната документација на оснивачите итн.

- Усогласување на трансакциите со релевантната законска регулатива

Менаџирање на побарувањата и обврските

Контрола на исправноста на документите во согласност со законската регулатива

Даночна сметководствена евиденција-внесување и супервизија на трансакциите во соодветните пропишани даночни обрасци, водење книговодство во согласност со релевантната законска регулатива за ДДВ и книговодство на сите други помошни книги во согласност со даночните правила.

1.2. Книговодство на плати

- Пријавување и одјавување на вработени вклучувајќи ја и подготовката на потребните формулари и документи,

- Советодавни услуги и асистенција при изготвување договори за вработување,

- Пресметка на плати на вработените, авторски договори, договори за работа, изготвување на МПИН налози за пренос на бруто плати, 

- Водење на евиденција за годишен одмор, регрес за годишен одмор

- Изготвување на годишни извештаи за плати согласно законската регулатива за правни и физички лица    

- Други услуги поврзани со вработените по барање на клиентот

1.3. Даночна евиденција и пресметки

- Одржување на сите потребни даночни евиденции во согласност со Законот за ДДВ, пресметки на ДДВ и сите други пресметки во согласност со Законот за данок на додадена вредност

- Изработка на пресметка на данокот на доход на правни и физички лица

- Пресметка на задржан данок на приход  исплатен на странски лица во согласност со Законот за данок на добивка, како и помош на клиентите при користење  на придобивките кои произлегуваат од меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување

- Други даночни проценки и пресметки како што се бараат од страна на клиентите