newsitem-profile-pic
  • Објавено на: 07 јули 2016

ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ДОКОЛКУ СУБЈЕКТОТ ГО ОТСТРАНИ ПРЕКРШОКОТ ВО ПОСТАПКА ЗА КОНТРОЛА

Наместо сегашното решение: нотарот, судот и извршител да доставуваат известување до финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи за секој предлог од доверител за донесување на судска пресуда, решение за извршување или платен налог, во постапка за присилна наплата на побарувањата, утврдено е дека контролата да се врши само по:

  • по добиено известување од суд дека е донесена правосилна пресуда,
  • по добиено известување од нотар дека е донесено правосилно и извршно решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, донесени во постапка за присилна наплата на парична обврска која произлегува од деловна трансакција и
  • по добиено известување од извршител за примено барање за извршување врз основа на извршна нотарска исправа.

Судот, нотарот, односно извршителот имаат обврска во рок од 10 дена од донесување на погоре наведените правосилни акти, односно примено барање за извршување врз основа на извршна нотарска исправа, да достават писмено известување или во електронска форма, до Финансиската инспекција во јавниот сектор, односно до Управата за јавни приходи.
Постапката за вршење контрола се дополнува со нови два члена (13-а и 13-б) со кои се воведува ЕДУКАЦИЈА И се утврдува можност за ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ДОКОЛКУ СУБЈЕКТОТ ГО ОТСТРАНИ ПРЕКРШОКОТ. Имено, со новиот член 13-а, се предвидува доколку при вршењето на надзор, надлежниот орган утврди дека е сторен прекршок по прв пат од страна на субјектот на надзорот, се составува записник во кој ќе се утврди сторениот прекршок и се донесува решение со укажување за отстранување на прекршокот во рок од осум дена и истовремено се врачува покана за едукација на одговорното лице на субјектот кај кого е утврден прекршокот.

Доколку субјектот на надзорот достави доказ дека го отстранил утврдениот прекршок во дадениот рок од инспекторот, се запира постапката на инспекциски надзор, а доколку не достави доказ дека е отстранет прекршокот во утврдениот рок, инспекторот предлага постапка на порамнување со издавање прекршочен платен налог. Но, доколку во утврдениот рок, субјектот на надзорот не достави доказ дека е отстранет утврдениот прекршок, се предлага постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог.